недела, 29 ноември 2026
Најново

Алиу најави проширување на странската комисија околу сомнителните кардиолошки интервенции

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Министерот за здравство Азир Алиу вели дека конечниот извештај на домашната комисија што ја формира Министерството за здравство за сомнителните кардиохируршки интервенции сè уште не е достапен за јавноста. Тој повтори дека се отворени пет нови случаи кои се предмет на анализа од страна на Комисијата, покрај претходните осум предмети кои веќе се завршени. 

Алиу рече дека извештајот ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството дури откако ќе бидат готови сите случаи што се предмет на анализа.
Во однос на вклучувањето странски експерти во истрагата за можни злоупотреби во приватни здравствени установи и дали се правеле операции на срце без основани медицински причини, Алиу истакна дека тие во оваа фаза не се активно вклучени, туку само комуницираат.
„Чекаме нашата комисија да заврши со наодите, тоа се сензитивни процеси, и потоа ќе имаме заеднички состанок на локалниот експертски тим со странскиот“, рече Алиу.
Тој најави дека по добивањето чист случај, ќе се дефинираат политики, ќе се разгледаат законски измени и ќе се воспостават појасно дефинирани протоколи за овој тип здравствени услуги.
Паралелно со работата на случаите, министерот најави дека се работи на проширување на меѓународната соработка. Освен меморандумот со Словенија, најавен е сличен пристап и со Италија и Австрија.
Целта, како што рече, е да се најдат можности за соработка не само од клиничка (обука на доктори и доаѓање на експерти), туку и од административна гледна точка, особено со земји што имаат сличен здравствен систем.

Поврзани вести