Алиу: Човечките капацитети се најважниот екосистем во здравството

 

„Вистински реформски политики во здравствениот систем започнуваат кога веќе се скенира актуелната состојба од инфраструктурна гледна точка и од најважниот екосистем во здравството, а тоа се човечките капацитети“, порача министерот Азир Алиу во емисијата „Топ тема“, на телевизија Телма .
Тој појасни дека токму поради ова приоритетот уште од првиот ден како министер беше анализа на здравствените ресурси со цел да се види до каде е здравството од аспект на човечките ресурси.
„Во овој момент ние имаме вкупно 15.529 доктори, од кои 14.940 се лиценцирани, додека 599 се во фаза на релиценцирање“, соопшти министерот Алиу и додаде дека овој регистар на здравствени работници ќе биде поврзан со централниот дата центар на Министерството.
Министерот Алиу појасни дека овој регистар ќе биде алатка која ќе служи како основа за организирање, менаџирање и креирање на здравствени политики. Во моментот анализата покажува дека распределбата на човечките капацитети не е соодветна, а тоа значи дека во некоја установа има повеќе вработени на некое одделение отколку реалната потреба, а истиот профил во друга установа недостасува.

Пронајдете не на следниве мрежи: