Алкохолот и кафето го продолжуваат животот?!

Истражувањето спроведено на универзитетот Калифорнија, покажало дека умерената консумација на алкохол и кафе може да ни помогне да го прославиме 90.роденден, но сепак тоа не е толку едноставно.
Имено, за таква долговечност треба да се поклопат и други фактори, но умереното консумирање на кафе и алкохол навистина може да делува благотворно на нашиот организам. Такашто сепак има добри вести.


Калифорнискиот универзитет 15 години ги истражувал факторите потребни за долготраен живот. Во истражувањето учествувале повеќе од 1.700 лица. Двапати годишно биле изложени на невролошки и неврофизиолошки тестови и собирале податоци за исхраната, спортските активности, болестите и земањето лекови. Така можеле да откријат кои работи им се заеднички на лицата кои имаат 90 и повеќе години.
Научниците од истражувањето ги извлекле „факторите за долготраен живот“:
1.Занимавање со хоби
2.Телесна активност
3.Една до две чаши пиво или вино на ден
4.По некој килограм вишок
5.Умерено консумирање на кафе

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.