Познатиот холивудски актер и неговата 53 години помлада партнерка Нур Алфала се фотографирани заедно на Беверли Хилс и се чини дека парот ги реши проблемите кои настанаа во врската по раѓањето на нивното прво заедничко дете.На фотографиите ексклузивно објавени од страна на Page Six, Пачино и Ноу беа видени како заминуваат на интимна вечера во Е. Балди во Беверли Хилс.Алфалах седнал на возачкото место, додека Пачино по заедничката средба седнал на совозачкото место и тргнале во непознат правец.Актерот на последните фотографии изгледа непрепознатливо. Изгледа дека ставил некој килограм вишок, а целокупниот впечаток не го подобриле ниту разбушавената коса и широката облека.
I Wouldn’t Call It A Date, Seems Like She’s Taking Him For A Walk Before Nap Time.#AlPacino #NoorAlfallah https://t.co/cKkcTvAPp3— TruthAndSarcasm (@TruthAndSarcasm) February 25, 2024
„Ова не би го нарекол состанок. Повеќе изгледа како да го прошетала пред да го врати да заспие“, се пошегувал еден корисник на Твитер.Ова е првпат Пачино и Алфалах – кои го добија синот Романо во јуни 2023 година – да бидат видени заедно откако ја решија битката за старателство пред четири месеци.



