Амандманите ни се прифатени, изјави Елизабета Канческа-Милевска

Во својата изјава во врска со уставните амандмани денес пратеничката Елизабета Канческа-Милевска изјави дека амандманите им се прифатени и апелираше и ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во расправата. Според нејзината изјава целта на гласањето за отворање на Уставот била да се покрене јавна расправа со цел пратениците и пошироката јавност заеднички да придонесат за договорот со Грција.
-Баравме амандаман со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет, во членот 49 од Уставот, со обврска на Републиката да го штити културното и историското наследство на македонскиот народ. Второто наше барање е одредба во Уставот доколку Грција не го ратификува договорот и повторно блокира, да има поништување на сите уставни амандмани, кажа Канческа-Милевска, појаснувајќи дека за неа тоа е многу важно бидејќи нема да постои можност да ја прифатиме географската одредница во случај на блокада од Грција. Во однос на третиот предложен амандман, таа нагласи дека истиот се однесува на постепена примена на промената на името.
Канческа-Милевска додаде дека активно ќе се следи јавната расправа во која ќе се вклучат да дадат придонес.
-Во оваа фаза на уставните амандмани само со дебата и креатаивност ќе дадеме што повеќе. Апелирам колегите од ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во сите овие процеси, додавајќи дека не го видела текстот со нацрт- амандманите.
Што се однесува до помирувањето таа нагласи дека иницијативата е предложена како интерпартиско парламентално тело за помирување и интеграција во Собранието на РМ.
-Се надевам дека на координацијата во понеделник ќе се одреди методологијата, да има контури и за во иднина, сериозно да се пристапи. Да одиме во насока на помирување. Ни треба соработка и обединување. Очекувам и треба да учествуваат и колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.