Амди Бајрам смета дека е подобро тој да е претседател на ВМРО, алудирајки на наместениот конгрес и изборот на Мицкоски

Амди Барјам се исмеа, ама сериозно се исмеа со ДПМНЕ односно со изборот на Мицкоски. Како што рече во својот настап на ТВ рече дека сите тие се за него дечиња и аматери во политиката. Самиот рече дека изборот, ваков како што е не е достоен за него. Оти тој е марка и бренд на политичката сцена. На прашање на новинарот зошто оди со Заев рече дека тој е добар политичат и побара да не се дига прашина. Знаел како треба да се делува во интерес на ромите. Едноставно да си биде на власт. За својата партија Бајрам смета дека има 50.000 членови и дека се сила на политичката сцена.

Амди потсети дека бил врзан и за Бранко Црвенковски. Повеќе пати го споменува во ова интервју Амди се исмеа со изборот на Мицкоски со објаснување дека е стар политичар, а дека „новиве“ не му се ранг. Нас не не изненадува овој циркус. Воопшто не. Дури и беше очекуван. Она што се градеше долги години на лажни принципи сега се распрсна како меур од сапуница. Почнаа да бегаат клиентите кои со прецизен таргет имаат создадено етнички партии кои потоа им служат за зад нив да се кријат и најчесто да имаат семејни бизниси.

И не е Амди единствен таков. Но прашање е дали во ВМРО-ДПМНЕ овие работи не ги знаеја? Дали намерно е вграден фелерот во машините на Мицкоски. Се зборува во чаршијата дека човекот само го грее столчето до наредниот избор. И дека на тоа и самиот се согласил. Знаете за аферите со хидроцентралите. Веќе сите знаат дека неговото име стои во Централен регистар како еден од соосновачите на фирми кои се занимаваат со овој вносен бизнис. Но, сега за сега никој не прашува за потеклото на парите, чии се парите и дали името на Мицкоски е само покритие за поголеми далавери. На крај ако сакате дали поради неговата инволвираност во сите бизниси е награден со претседателско место на таканаречениот конгрес во Валандово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.