четврток, 12 ноември 2026
Најново

Американскиот пејач го украде целото внимание на наградите VMA: Носеше фустан тежок 14 килограми и чизми со платформи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот пејач и текстописец Конан Греј ги привлече погледите на синоќешните доделувања на Видео музичките награди во Њујорк со својата необична модна изјава.

Додека неговите колеги уметници најчесто се одлучуваа за рискирани облеки или карирани костуми, 26-годишниот Греј се одлучи за фустан и чизми со платформа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Конан Греј прошета на пистата во фустан од дизајнерот Ерик Шарлот, кој беше инспириран од морнарски стил.

Фустанот се состоеше од јакна со пуфки, корсет со спуштен струк и слоевито здолниште со набрани ленти. Тој го комплетираше изгледот со бели чизми со платформа и соодветна шапка.

Дизајнерот Ерик Шарлот ја искористи популарноста на изгледот на Конан на тепих и објави на социјалните мрежи дека целиот outfit е направен целосно од тексас и тежи приближно 14 килограми.