Американскиот претседател Обама ќе издаде декрет за стандардите за заштита од сајбер напади

Очекува во средата да издаде декрет во кој ќе ја објави програма за обезбедување од сајбер заканите во во критичните инфраструктурни мрежи, пишува весникот Hill.
Се претпоставува дека уредбата ќе им овозможи на компаниите а особено на производителите на енергенси, самостојно да постават во своите компании норми и практики кои ќе помогнат да се избегнат кибернетички напади на внатрешните мрежи на објектите. Учеството во програмата ќе биде на доброволна основа, забележува весникот.Претседателскиот указ доаѓа откако во август 2012 година во Конгресот на САД од разгледување беше повлечен нацрт-законот за сајбербезбедноста. Тогаш нацрт-законот категорично беше отфрлен од страна на републиканците, кои стравуваат дека законот ќе бара воведување на многу стандарди коишто ќе го попречуваат развојот на бизнисот.Во меѓувреме, авторите на нацрт-законот кој предвидува размена на информации за сајберзаканите меѓу државата и приватниот сектор, истакнаа дека го разработиле предлогот во интерес на американските компании и во тесна консултација со нив.Како и администрацијата на претседателот Обама, и многу американски пратеници веруваат дека осигурување на сајбербезбедноста и борбата со сајбернападите е една од приоритетните задачи на националната стратегија во сферата на безбедноста
МакфаксОчекува во средата да издаде декрет во кој ќе ја објави програма за обезбедување од сајбер заканите во во критич

Пронајдете не на следниве мрежи: