четврток, 12 ноември 2026
Најново

Американските санкции врз нафтената индустрија во Србија повторно одложени за 30 дена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) ги одложи санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за уште еден месец.Ова е петто одложување на целосната примена на американските санкции објавени поради учеството на Русија во сопственоста на НИС, пренесува Nova.rs.Компанијата НИС испрати барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца што ја одложува целосната примена на санкциите.Ова барање, како и во претходните случаи, беше поддржано од Владата на Србија.На 14 март, NIS поднесе барање до Министерството за финансии на САД да биде отстранета од листата на санкционирани земји.Санкциите беа воведени врз компанијата НИС на 10 јануари поради „секундарен ризик“, односно поради нејзината поврзаност со рускиот Газпром.

Поврзани вести