АМЕРИКАНСКИ БРОД ПОГОДЕН ОД РАКЕТА: Нова драма во Црвеното Море! ЕКСПЛОЗИЈА НА ТОВАРЕН БРОД КАЈ БРЕГОТ НА ЈЕМЕН

Брод во американска сопственост е погоден со проектил во близина на брегот на Јемен!

Британската војска потврди дека бродот бил погоден.

Путин откри детали од разговорот со Си Џинпинг
Една од темите на вечерните разговори меѓу Владимир Путин и Си Џинпинг беше развојот на билатералната соработка, ова го соопшти самиот руски лидер, говорејќи на отворањето на VIII …
(ВИДЕО) Украинците го нападнаа Крим и два руски града
Ова е трет напад за два дена на окупираниот Севастопол. Руските официјални лица и локалните канали на Телеграм објавија дека бил нападнат и рускиот воен аеродром „Белбек“, во …

Операции за поморска трговија на Обединетото Кралство (УКМТО) објави дека инцидентот се случил на околу 95 наутички милји југоисточно од Аден.

Според УКМТО, проектилот ја погодил левата страна на бродот.

Засега не се знае кој стои зад нападот.

Приватната разузнавачка фирма Амбри рече дека проектилот погодил товарен брод во сопственост на САД кој пловел под знамето на Маршалските Острови.

Во средината на ноември, да потсетиме, шиитското паравоено движење Хути, кое владее со северен Јемен, почна да ги напаѓа бродовите поврзани со Израел во Црвеното Море како поддршка на Палестинците во Појасот Газа.

Ова предизвика пад на бродскиот сообраќај низ Суецкиот канал.

САД и Велика Британија во петокот вечерта започнаа операција против движењето со изведување воздушни напади. Хутите ветија дека во иднина ќе извршат одмазднички напади врз американските и британските воени бази и објекти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.