Американски воен транспортен авион слета во Москва, од Кремљ велат дека немаат информации

Американски воен транспортен авион утрово слетал на московскиот аеродром Внуково, покажуваат податоците од сервисот за следење летови Flightradar24.

Големиот авион „Боинг Глобмастер“, со американски регистарски број 07-7181, директно летал од Рига, Летонија, и слетал во Москва околу 07:00 часот по Гринич.

Светските агенции и локалните медиуми немаат детали за слетувањето и авионот. И од Кремљ соопштија дека засега немаат информации.

Според податоците на Flightradar24, авионот на 23 август пристигнал во Рига од американската воздухопловна база „Кемп Спрингс“ во близина на Вашингтон.

Последниот директен лет на авион со американска регистрација од Европа до Русија се случи во јануари годинава, кога со него во Москва пристигнаа специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер на мировни разговори со Владимир Путин за Украина.

Кремљ минатата недела соопшти дека сè уште нема информации за евентуална нова посета на Москва на Кушнер и Виткоф, додека разговорите меѓу САД и Русија за Украина во голема мера се во застој поради војната во Иран.

Пронајдете не на следниве мрежи: