Доколку Русија го искористи својот нуклеарен потенцијал, тоа би имало катастрофални последици за САД, се вели во годишниот извештај на американската разузнавачка заедница за глобалните закани.– Москва има повеќе нуклеарно оружје од која било друга земја, што може да предизвика катастрофално уништување во САД и во целиот свет во случај на голема војна, се наведува во извештајот.Авторите на документот потсетуваат дека кон крајот на 2024 година, Русија објави обновена нуклеарна доктрина, проширувајќи ги условите под кои Русија би можела да ја разгледа можноста за употреба на нуклеарно оружје, на пример, во случај на сериозен ризик за руската држава.Во соопштението се наведува и дека арсеналот на нуклеарно и конвенционално оружје на Москва, како и стабилноста на нејзината економија и воената отпорност, ја прават земјата сериозен конкурент на САД.За ситуацијата во Украина, американското разузнавање смета дека Русија има иницијатива во конфликтот и оди кон постигнување поволни услови за решавање на конфликтот.Според извештајот, антируските санкции на Западот доведоа до инвестиции на Русија во алтернативни партнерства, вклучително и со Кина.Во извештајот се оценува и дека САД веруваат дека приближувањето меѓу Кина, Русија, Иран и Северна Кореја е неповратен процес, дури и ако украинскиот конфликт заврши.„Од 2022 година, Русија, Кина, Иран и Северна Кореја се зближија. Малку е веројатно дека исклучувањето на факторот за забрзување во форма на украинскиот конфликт ќе ги врати овие билатерални односи во предвоениот период од 2021 година“, се заклучува во документот.
Пронајдете не на следниве мрежи: