Американците му се закануваат на Иран: Ќе ја платиме штетата предизвикана од вашите ракетни напади во Заливот од вашите замрзнати средства

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека земјите од Персискиот Залив ќе бидат обесштетени за штетата предизвикана од иранските напади, со средства што ќе бидат земени од замрзнатите ирански банкарски сметки.

Минатата недела, новинската агенција Ројтерс објави дека Министерството за финансии на САД бара од земјите од Заливот да ги проценат трошоците за санирање на штетите предизвикани од иранските напади.

Американскиот секретар за финансии Бесент, исто така, изјави дека сите такси за превоз платени на Управата за Персискиот Залив, која Техеран ја основа за следење на сообраќајот низ Ормутскиот теснец, ќе бидат надоместени од запленетите средства.

Се верува дека Иран има замрзнати најмалку 100 милијарди долари на банкарски сметки низ целиот свет, вклучувајќи ги Европа, Јапонија, Кина и Катар, како резултат на санкциите воведени од САД и други земји.

Од Исламската револуција во 1979 година, Иран помина низ четири големи историски бранови на санкции кои прераснаа во стотици индивидуални рунди и пакети казнени мерки.

Процесот започна со американското ембарго за време на заложничката криза, продолжи со воведување ограничувања поради поддршка на тероризмот во деведесеттите години, а од 2006 година, преку четири клучни резолуции на Советот за безбедност на ООН и мерки на Европската Унија, доби глобален карактер насочен против нуклеарната програма.

Денес, притисокот продолжува преку ригорозни финансиски и енергетски блокади, што го прави Иран, со над сто милијарди долари замрзнати средства низ целиот свет, една од најсанкционираните земји во модерната историја.
The post Американците му се закануваат на Иран: Ќе ја платиме штетата предизвикана од вашите ракетни напади во Заливот од вашите замрзнати средства appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: