Францускиот европратеник Рафаел Глуксман ги повика САД да и’ ја вратат Статуата на слободата на Франција!Овој споменик, кој стана симбол на Њујорк, Франција и’ го подари на Америка за да ја одбележи стогодишнината од американската независност, пренесува France24.Француски пратеник тврди дека САД повеќе не ги претставуваат вредностите што ја наведоа Франција да им ја подари статуата.„Вратете ни ја Статуата на слободата“, рече Рафаел Глуксман, на конвенцијата на неговата централно-левичарска партија „Place Publique“.Ќе им кажеме на Американците кои избраа да застанат на страната на тиранинот, на Американците кои отпуштија истражувачи затоа што бараа научна слобода: „Вратете ни ја Статуата на слободата“, им рече тој на ентузијастичките поддржувачи.
🗽French MEP demands the US give back the Statue of Liberty “To the Americans who have chosen to side with the tyrants, to the Americans who fired researchers for demanding scientific freedom: Give us back the Statue of Liberty.”#DOGE #Trump #Russia https://t.co/335zcOHgdY— Khatya Chhor (@KhatyaChhor) March 16, 2025
„Ти го подаривме, но очигледно го презираш. Така ќе биде добра овде дома“, додаде тој.Франција има своја, помала копија од Статуата на слободата.Статуата на слободата беше откриена во пристаништето во Њујорк на 28 октомври 1886 година, на стогодишнината од Американската декларација за независност како подарок од францускиот народ за Америка. Дизајниран е од Французинот Огист Бартолди.Париз има помала копија на мал остров во Сена. Француски пратеник остро ја критикуваше радикалната промена во американската политика за војната во Украина што ја спроведува претседателот Доналд Трамп. Тој, исто така, го критикуваше намалувањето на трошоците на Трамп за американските истражувачки институции.