Денеска САД воведоа нови санкции за мрежата за набавки на одбраната, која ја поврзува со Русија.
Станува збор за мрежа предводена од белгискиот бизнисмен Ханс де Гитере, која се занимава со набавка на електроника со воени апликации за руски крајни корисници, се наведува во соопштението на американското Министерство за финансии.
- (Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади луѓе излегоа на улиците против Мелони и вртоглавиот пораст на трошоците за живот
- Студентската листа бара оставки и пријавување на уништување докази
- Радичевски: Општината е на сите граѓани од Брвеница до Челопек без разлика на етничка и политичка припадност, затоа во недела да излеземе сплотени и да заокружиме број 1
- Улоги по кои Патрик Стјуарт ќе биде запаметен: Легендарниот капетан Пикард и професорот Ксавиер (фото/видео)
- Направете сочни и меки домашни пуфки Рафаело кои се едноставно неодоливи: За сите љубители на кокос
- Шпанија во жалост: 69 загинати во судир на брзи возови, продолжува потрагата по жртви
- Пушењето наргиле е поврзано со поголема телесна тежина и дијабетес: Студијата открива интересни разлики
- Умереното консумирање на оваа храна е добро за срцето
- Два хороскопски знака кои ќе доживеат љубовни проблеми во првата недела од ноември
- Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до 27 ноември
- Необичниот изглед на Дуа Липа во Њујорк: Твид, пердуви и драматична шапка (фото)
Се додава дека мрежата се состои од девет ентитети и пет лица во Русија, Белгија, Кипар, Шведска, Хонг Конг и Холандија. Американското Министерство за правда издаде две одделни обвиненија против Де Гитере во врска со, како што вели, шема за извоз на чувствителна американска воена технологија на крајните корисници во Кина и Русија.
Американското Министерство за финансии, исто така, воведе санкции за 11 ентитети и седум поединци со цел да го зголеми притисокот врз белорускиот претседател Александар Лукашенко за, како што наведе, „потиснување на демократското граѓанско општество, коруптивно финансиско збогатување на неговото семејство и соучесништво во руската војна во Украина. “
Пронајдете не на следниве мрежи:



