Доналд Трамп му нареди на Министерството за воени прашања на САД да започне со тестирање на нуклеарно оружје на ниво споредливо со она на Кина и Русија, објави Си-Ен-Ен. Во објава на Truth Social, Трамп напиша зошто го наредил тоа.
„Поради програмите за тестирање на другите земји, му наредив на Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Тој процес започнува веднаш“, напиша тој.
Соопштението дојде пред средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, со кого американскиот претседател разговараше со цел постигнување примирје во трговската војна.
Трамп во објава на социјалните мрежи рече дека Америка „има повеќе нуклеарно оружје од која било друга земја“, наведувајќи ја Русија како втора, а Кина како „далечна“ трета сила, но таква што ќе има „еднакви нуклеарни капацитети во рок од 5 години“.
Голем пресврт во нуклеарната политика
Оваа наредба на Трамп означува голем пресврт во американската нуклеарна политика, како што пишува CNN. Последниот нуклеарен тест на САД , со кодно име „Дивајдер“, беше спроведен на 23 септември 1992 година на локација позната денес како Комплексот за национална безбедност на Невада. Истата година, тогашниот претседател Џорџ Х.В. Буш прогласи мораториум за нуклеарни тестирања.
The post Америка подготвена да употреби нуклеарно оружје! Трамп издаде наредба за првпат по 30 години, опасна борба е на прагот?! appeared first on Во Центар.



