Анабела: Веќе немаме контакт, чувствувам дека ја изгубив Луна

Анабела Атијас во третата сезона на „Задруга“ го освои четвртото место, а по излегувањето за „Пинк.рс“ откри каков е нејзиниот однос со Луна, Гаги, Андреја…
– Необјасниво е колку сум среќна… не знам. Не можам да најдам вистински зборови да го опишам тоа. Направив нешто што ми беше потребно мене за да продолжам понатаму и на овие луѓе, на кои им останав должна внимание, љубов… Се што изгубија поради мене, бидејќи бев премногу фокусирана на ‘Задруга’“ – вели Анабела.


Таа објасни дека со Луна повеќе ништо нема да биде исто.
– Не знам дали ми се јавила и дали ми пишала, чекајте да проверам… Од вчера, од финалето, немаме никаков контакт. Не очекував дека ќе контактира со мене, чувствувам дека ја изгубив. Тоа ме убиваше последните денови затоа што знам дека ја изгубивме близината. И таму во ‘Задруга’ прифатив со неа да одам на Рајскиот остров бидејќи тоа можеби беше последна можност да бидеме блиски, да бидеме она што некогаш бевме. Тоа што се зборува е едно, но другото… Не ја осудувам, има право да прави што сака. Некои работи треба да ги пуштиме. Јас сакам да му се посветам на моето семејство, да им надоместам, а Луна си има свое друштво во кое е среќна – вели Атијас.


Таа вели дека никогаш не престанала љубовта со Андреј и дека повторно планираат свадба.
– Јасно е, нашата последна средба беше на тоа ниво што не е нејасно на што сме. Кога ми беше најтешко, тој ми рече: ‘Јас доаѓам по тебе, пакувај се и одиме’. Тој навистина ме знае во најлошо светло, а јас често го навредував како маж, му велев: ‘Ти утре ќе тргнеш по друга, ќе си заминеш’. Цел живот му барав лојалност и љубов. Никогаш не престанав да го сакам – изјави Анабела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.