Ананас – тропско овошје кое го зајакнува имунитетот

Ананасот содржи многу витамини, минерали, антиоксиданти и ензими како што е бромелин, а со често консумирање на ова овошје може да го зајакнете имунитетот и да го намалите ризикот од воспаленија.
Ананасот е најпопуларното тропско овошје кое е вкусно и има многу хранливи материи. Богат е со минерали како што се железо и манган и содржи голема количина на витамин Ц, бета-каротен, како и ензим бромелин и го чува здравјето на дигестивниот систем.
Во минатото се користел како лек, во исхраната и за производство на вино. Во текот на 17 век за првпат е посаден во Холандија од каде што се излезувал во Англија и го одгледувале како украсно растение.
Ананасот е извор на многу хранливи материи, витамини и минерали, вклучувајќи и бакар, калиум, калциум, магнезиум, манган, витамин Ц, витамин Б6, бета-каротен, фолати и влакна.
Витаминот Ц е важен за нормално функционирање на имунолошкиот систем. Одличен е за здравјето на кожата, органите и коските.
Во 100 г содржи само 40-50 калории, 86% е составен од вода, 13% од јаглехидрати и не содржи масти.
Го штити срцето
Секојдневното консумирање ананас го намалува нивото на холестерол во крвта. Бромелинот помага при намалување на воспалението што е вообичаен ризик од појава на срцеви заболувања.
Го зајакнува имунитетот
Со консумирањето на ананас го зајакнувате имунолошкиот систем бидејќи содржи витамини, минерали, антиоксиданти и ензими.
Високото ниво на витамин Ц во ова овошје исто така го чува имунолошкиот систем.
Ја штити кожата од стареење
Не можете да го прекинете стареењето, не може да го промените начинот на кој стареењето влијае на вашата кожа, а за тоа е заслужен витаминот Ц.
Ги намалува симптомите на артритис
Ананасот е супер храна за луѓето со артритис бидејќи содржи бромелин кој помага во намалување на болките.
Одлична храна по тренинг
Благодарение на големата количина на витамин Ц и противвоспалителните својства, ананасот е одлична намирница за после тренинг.
Додајте го ананасот во вашата секојдневна исхрана за да се опоравите по тренингот и да го намалите воспалението, уморот и болката во мускулите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.