сабота, 28 ноември 2026
Најново

АНА НИКОЛИЌ ЦЕЛА ВО ЦРНО СО ВЕЛ НА ГЛАВАТА – Раста раскажа дека пејачката го посетила во затвор како да го погребува!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста по четири месеци во затвор го призна делото за чување и поседување на нелегална дрога и доби домашен притвор кој го служи во својот луксузен стан во Белград.
Зад него се години поминати на насловните страници низ медиумите, особено поради бракот со ана Николиќ, ќерката Тара, разводот, судењето, па сега и затворот.
Овие денови тој даде ексклузивно интервју за српските медиуми, а во дел од истото тој опишува една ситуација од затворот која буквално го наежила.
Имено тој Раскажа дека неговата поранешна сопруга дошла во негова посета цела во црнина како да оди на погреб, на главата дури имала и вел, пишуваат српските медиуми.
-Да имав посета еден месец пред да излезам од затворот. Во посета ми дојде Ана за да слушне од прва рака што се случува во врска со мене и целата настаната ситуација. Најмногу имав посета од својата мајка, бидејќи таа е личност која верува и има доверба во мене и ги знае сите ситници за мене. Ана се појави целата во црно како да оди на погреб, раскажува Раста.

Поврзани вести