Ана Севиќ веќе не може да го посетува пејачот: Од денес Дарко Лазиќ може да го видат само две личности

Здравствената состојба на пејачот Дарко Лазиќ кој во вторникот утрово направи тешка сообраќајна несреќа денеска е стабилна.
По вчерашната итна операција во која на пејачот му е извадена слезина и му е запрено крварењето здравствената состојба на пејачот е стабилна, но сепак поради ситуацијата во која се наоѓа и понатаму е критично. 
Српските медиуми пишуваат дека пејачот до денес можеше да го види само законската сопруга Ана Севиќ од која не успеа да се разведе судски, a од денес може да го видат само неговите родители.
Посетата им е овозможена на кратко, а до кога ќе биде така зависи од неговата здравствена состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.