Ангелов: Монтажен базен поставен до пожарот кај Драгов Дол, хеликоптерот сега носи по еден тон вода на секои 3–4 минути

Ефикасноста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над селото Драгов Дол, во Општина Македонски Брод, е зголемена со поставување монтажен базен во близина на пожарната линија и реката Треска, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Со поставувањето на базенот, хеликоптерот повеќе нема потреба да лета до езерото Козјак, што претходно траело околу 15 минути. Сега водата ја полни од базенот во непосредна близина на пожарот, со што на секои три до четири минути може да истура по еден тон вода врз критичните точки.
Ангелов упати благодарност до 25-те доброволни пожарникари од Модулот за шумски пожари на ДЗС, петтемина оперативци на ДЗС кои работат со нив, како и до професионалните пожарникари од Македонски Брод, кои со денови се борат со огнот на терен.
The post Ангелов: Монтажен базен поставен до пожарот кај Драгов Дол, хеликоптерот сега носи по еден тон вода на секои 3–4 минути appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: