– Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис, објасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
– И вечерва но и во текот продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла. Активностите за затрупување ќе бидат дополнително засилени рано наутро.
За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, за што дополнително ќе информирам утре претпладне. – вели Ангелов.



