Англиската Премиер лига ќе прави кратки паузи за време на натпреварите во текот на Рамазан

– Англиската Премиер лига ќе прави паузи во текот на натпреварите за да им овозможи на фудбалерите муслимани да го прекинат постот за време на Рамазан, јавија британските медиуми.

„Би-би-си“ објави дека пред секој натпревар ќе се утврдува дали некој играч пости. Доколку е така, натпреварот ќе биде накратко паузиран за време на ифтар за да му се овозможи да го прекине постот.

Првата таква пауза се случи во април 2021 година за време на натпреварот помеѓу Лестер Сити и Кристал Палас.

Натпреварот беше привремено прекинат за да им се овозможи на Весли Фофана од Лестер и Чеику Кујате од Палас да го прекинат постот. Фудбалерите консумираа течности и енергетски гелови во текот на натпреварот.
The post Англиската Премиер лига ќе прави кратки паузи за време на натпреварите во текот на Рамазан appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: