Англичаните се изненадени од еден феномен на Балканот: “Владее југоносталгија”, поминаа 42 години од смртта на Тито а сите пак се сакаат едни со други

Некои ја глорифицираат Југославија, додека други се покритични кон она што го гледаат како прекумерна романтизација на тој период.

Дури 81 отсто од жителите на Србија сметаат дека распадот на Југославија бил лош за нивната земја, 77 отсто од жителите на Босна и Херцеговина го делат нивното мислење. А во Словенија, која меѓу земјите од поранешна Југославија прва влезе во Европската унија и важи за најуспешна меѓу нив, 45 отсто од луѓето мислат дека распадот на поранешната југословенска држава им наштети, пишува Гардијан за Југоносталгија, во текст објавен под наслов “Сите се сакаа. Подемот на Југоносталгијата”.

Овој термин треба да се третира со претпазливост, изјави политичкиот антрополог Лариса Куртовиќ од Сараево, а пренесува “Гардијан”.

“Носталгијата подразбира меланхолија и копнеж. Тоа, се разбира, постои. Но, некои од помладите гледаат критички на тој период и ги оценуваат позитивните и негативните страни. Многумина го одобруваат социјалистичкиот период бидејќи го поврзуваат со економски развој, подобар стандард на живеење”, вели Куртовиќ, која тврди дека “неисполнетите ветувања” на Југославија бледнеат во споредба со национализмот и насилството што следеа“.

“Земјите од поранешна Југославија економски се уназадија, а Босна и Херцеговина и Србија се оптоварени со политички препукувања”, пишува Гардијан, кој смета дека, иако Хрватска и Словенија “најдоа релативна стабилност како членки на Европската унија”, “преговорите за другите земји не биле конкретни, па многумина се сомневаат дека некогаш ќе дојде да се приклучат”.

Куртовиќ во овој текст размислува за прашањето за губење на статусот и за перцепцијата дека граѓаните некогаш живееле во “релативно голема и почитувана земја, а сега живеат во помала и помалку важна земја”.

Џесика Бејтман, автор на написот на Гардијан, го посети гробот на Тито во Србија, а меѓу соговорниците со кои разговараше за Југославија беше и Ѓорѓи Пералоц, маж од Македонија, роден 1989 година, кој моментално живее во Бангкок.

“Секогаш кога треба да се занимавам со бирократија, на пример, со отворање банкарска сметка, никој во системот не може да ја најде Македонија, но можат Југославија”, ѝ рекол тој и заклучил: “Ако ме прашате мене, би било корисно за да бидеме дел од федерацијата, макар и да не се работи за Југославија, затоа што самите сме премали и безначајни”.

Во Виена е активен хорот “29 Ноември”, кој го сочинуваат исклучиво членови од земјите од поранешна Југославија. Членовите на хорот, може да се прочита, носат црвени и сини јакни со ѕвезди инспирирани од југословенското знаме, но избегнуваат песни поврзани со Комунистичката партија и оние кои го слават Тито.

За Петер Корчнак, кој пораснал во Чехословачка, “Југославија изгледала како рај во неговото детство”. Многу дисиденти од Чешка и Романија избегаа во Југославија од режимите на нивните земји, вели Корчнак, кој го започна подкастот “Сеќавање на Југославија” во 2020 година.

Емотивните реакции на слушателите целосно го изненадија. “Најдобриот коментар што сум го слушнал е дека подкастот е како јавен сервис. Многу луѓе велат дека долго време се срамеле само кога размислувале за зборот “Југославија’, додека некои рекле дека тоа е како терапија за нив“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.