По донесувањето на пакетот закони за дигитална трансформација од реформската агенда во Собранието, Андоновски во онтервју за Сител ,истакна дека тоа е сериозен зафат и оти по темелна дискусија се донесени квалитетни законски решенија на ниво на Европа и усогласени со легислативата на ЕУ за дигитална трансформација.
Во врска со можноста за спроведување електронски попис, за што денеска се осврна и премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, министерот Андоновски истакна дека „имаме капацитет за спроведување“ и оти и во програмната на Владата е ставено дигитален попис да се спроведе во 2026 година.
-Свесни сме за недостатоците на пописот од 2021, за што алармиравме уште тогаш дека методологија не е добра и тоа сега се покажа со одлуката на Уставниот суд. Затоа во почетокот на април бевме задолжени од Владата да формираме работна група за дискусија кои услови треба да се создадат за дигитален попис во 2026, рече Андоновски.
Посочи дека за таа цел ќе се работи активно на прочистување на базите од други институции за се направи добра подготовка со што дигитален попис би се спровел уште во 2026 наместо редовниот период по десет години.
– Таргетот е 2026-та. Сакаме да ја вратиме довербата на граѓаните во системот. А дали ќе се спроведе тогаш или редовно во 2031, треба да бидеме подготвени, додаде министерот, посочувајќи ја Словенија како пример на држава која има „одлична дигитална алатка за попишување“.


