Антониа Гиговска со песната „Полско цвеќе“ од Тоше, ги paсплака сите!

Последниот настап во шоуто “Пинкови ѕвездички – Аll stars” синоќа го имаше Антониа Гиговска која ја отпеа песната од Тоше Проески “Полско цвеќе”.
Антониа има 18 години и доаѓа од Скопје. Како и секогаш таа веднаш ја воодушеви публиката, но и стручното жири, па Кија, Милан, Гоца, Леонтина и Наташа, своите столици ги подигнаа веднаш.
Емоциите не можеа да ги сокријат сите, а Гоца Тржан дури и заплaка за време на настапот на Антониа.


“Би сакала оваа песна да му ја посветам на Тоше Проески, затоа што сум сигурна дека не гледа од горе! Toj e мој идол”, рече Антониа после натапот.


“Тоше во јануари оваа година ќе наполнеше 38 години …. Би бил во најдобрите години и би пеел најдобро! Бидејќи него го нема, те имаме тебе …”, рече Гоца Тржан која потоа одново заплakа.
“Вака изгледа настап кој е толку емотивен што мене за прв пат во животот ми се случи да ми се нaeжи стомакот. Вака изгледа достоинствен настап. Толку емоција ни пренесе што целосно се парализиpaв. Се беше достоинствено. Ти си победничка вечерва, само напред”, рече Наташа Беквалац.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.