Анчелоти ако не победи на светското клупско првенство ќе добие – отказ!

Реал Мадрид набрзо би можел да има нов тренер, ако се вистинити најавите на шпанските медиуми дека сериозно се тресе столчето на Карло Анчелоти, кој добил услов што мора да го оствари ако сака да остане на клупата на „кралевите“.

Италијанскиот стратег мора да победи на претстојното Светско клупско првенство во Мароко, каде што утре во полуфиналето ќе ги одмери силите со египетскиот тим Ал Ахли.

„Кралевите“ загубија минатиот викенд на гостувањето кај Мајорка и во моментов имаат осум бодови помалку во однос на првопласираната Барселона.

Пронајдете не на следниве мрежи: