Анчелоти смета дека Ибра не заслужил црвен картон

Тренерот на Пари Сен Жермен, Карло Анчелоти е незадоволен и покрај победата на неговиот тим на „Местаља“ со 2:1, во првиот осмина финален натпревар во Лигата на шампиони.Пари Сен Жерман, до самиот финиш имаше предност од два гола, но најпрвин Рами, во 91.минута намали на 1:2, а потоа Ибрахимовиќ поради невнимателен старт доби црвен картон.Најдобриот играч и стрелец на ПСЖ, поради црвениот картон се соочува со најмалку два натпревари суспензија.„Нашиот трет гол требаше да биде признаен. Ибрахимовиќ не заслужи црвен картон. Ова не го разбирам, не е фер. Примивме наивен гол и потоа Ибрахимовиќ доби црвен картон, мислам дека не го заслужи, беше тоа нормален старт. Разочаран сум бидејќи игравме добро, но на крајот натпреварот не заврши добро за нас“, рекол на прес конференцијата Анчелоти.ПСЖ и Валенсија, возвратниот натпревар ќе го одиграат на 6.март во Париз.
МакфаксТренерот на Пари Сен Жермен, Карло Анчелоти е незадоволен и покрај победата на неговиот тим на „Местаља“ с

Пронајдете не на следниве мрежи: