Анџелина Џоли прекрасна во бел плисиран фустан во Париз

Во моментов една од омилените холивудски актерки Анџелина Џоли го снима новиот филм за кој многумина ќе кажат дека ќе биде вистински хит – Those Who Wish Me Dead.
Прекрасната актерка направи пауза од снимањето и се прошета низ улиците на Париз облечена во шармантен бел плисиран фустан во комбинација со кафен ремен на половината и чанта во иста нијанса.


Друштво ѝ правеше познатата актерка од култниот The Deep, Жаклин Бисет која иако има 74 години, изгледа фантастично.
Во моментов се очекува второто продолжение на Maleficent: Mistress od Evil, поради што и голем број обожаватели на филмот се собраа пред хотелот на актерката барајќи автограми.


Прошетката на актерката низ Париз, доаѓа откако дента се појавија папарацо фотографии од фотосесија за брендот Герлан чие заштитно лице е токму таа. На фотографиите изгледаше прекрасно и секси во бела свилена ноќница со собрана коса и минимална шминка која ја истакнуваше нејзината убавина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.