Апарати за поврат на ДДВ од сега и во населба Тафталиџе

Управата за јавни приходи постави штанд со апарати за поврат на ДДВ кај супер маркетот „Веро 2″, во населбата Тафталиџе. На штандот граѓаните ќе може да скенираат фискални сметки, а екипите на терен ќе им помагаат на оние кои не знаат или немаат можност да ја користат апликацијата „Мој ДДВ” за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. Проектот има за цел да го регулира бизнисот и да ги намали скриените трансакции. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ ги повика граѓаните што повеќе да ја користат апликацијата, бидејќи со неа, како што рече тој, имаме двојни придобивки.
Од УЈП информираат дека заклучно со 17 јули 2019 година, скенирани се 3.541.016 фискални сметки, остварен е промет од 1.846, 261.806 денари, додека повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 29.767.379 денари.
Управата за јавни приходи за поддршка во процесот во своите 36 подрачни единици низ земјавa ќе отвори информативни штандови: киоск апарати, бар код читачи и паметни телефони преку кои ќе може на лице место да се регистрира фискалната сметка./МИА

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.