Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, ја тужи институцијата на Собранието на Република Северна Македонија и нејзиниот претседател Африм Гаши, поради, како што наведува, неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната надзорна расправа за трагедијата во Кочани.
Надзорната расправа, која требаше да се одржи на 8 јули годинава, била откажана спротивно на деловникот и законот, смета Апасиев. Тој поднел тужба до Управниот суд, тврдејќи дека со ваквата постапка биле прекршени основните процедури за свикување и одржување на надзорни расправи во законодавниот дом.
Апасиев оценува дека ваквите чекори претставуваат опасен преседан и ги поткопуваат механизмите за контрола и отчетност во Собранието, особено кога станува збор за теми од висок јавен интерес како што е трагедијата што ги потресе граѓаните на Кочани. Тој најавува дека ќе ги искористи сите правни средства за заштита на парламентарните процедури и демократските стандарди.
Пронајдете не на следниве мрежи:



