Граѓани, земјаци и другари – ЧУЈТЕ И ПОЧУЈТЕ
Хибридниот вмроиден режим, директно по директива на премиерот #Мицика, во дослух со вечниот директор на АВМУ (подлизуркото Зоран Трајчевски), за утре го планираат ФИНАЛНИОТ УДАР против Левица за овие избори. Имено, гледајќи го порастот на анкетите, и не можејќи да смислат соодветен противотров – сакаат илегално, преку “креативно толкување” на Изборниот законик, со Упатство за рекламирање, да ја оштетат Левица за приближно 350.000 до 400.000 ЕУР. Со ова не само што ќе ни ги ускратат парите за платено политичко рекламирање, кои по закон ни следуваат, туку и ефективно ќе ни забранат пристап до портали и национални телевизии и медиуми (дури и кога би сакале самите да си платиме)!
За ова ќе следуваат низа тужби и кривични пријави против членовите на Советот на АВМУ, но јавно го повикуваме Уставниот суд со ВРЕМЕНА МЕРКА донесена по службена должност да ја суспендира примената на ова драконско и контроверзно упатство, како смислен недемократски удар врз парламентаризмот и плурализмот, кои се уставна категорија.
Колку за илустрација – на пример, на Моника Зајкова од ЛДП (со 1 пратеник) би и следувале околу 300.000 ЕУР за реклами на ТВ, а на Левица (со 6 пратеника) – би и следувале 0 ЕУР + банирање на било која телевизија!
За ова, некој ептеееееен дебело ќе го крка!
#ВмроиднаЧизма
#НеПростувамеНеЗабораваме



