Апасиев: Отсега најдобрите медицинари може да останат во државата, наместо масовно да се селат на печалба во Германија и Бугарија

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев објави дека денеска поминал првиот закон предложен од неговата партија, со кој се укинува дискреционото право на директорите на јавните здравствени установи при вработување. Според Апасиев, нема да има веќе, како што вели, молење по штабови.

„Ова воопшто не е мала промена. Може да ги задржи најдобрите медицинари во државава, наместо масовно да се селат во Германија, Бугарија и по белиот свет на печалба“, стои во пораката на пратеникот по денешната собраниска седница.

Од Левица оценуваат дека ваквата законска измена е чекор кон враќање на довербата во здравствениот систем, подобрување на квалитетот на здравствените услуги и создавање фер и транспарентни услови за вработување на медицинскиот кадар.

Предлог-законот ќе продолжи во понатамошна собраниска процедура, по што пратениците ќе се изјаснуваат и во следните фази од законодавниот процес.

Пронајдете не на следниве мрежи: