Апел за помош: 26-годишен скопјанец синоќа излегол од дома и му се губи трагата

Мајка од Ѓорче Петров на социјалните мрежи апелира за помош и информации за нејзиниот син. Дваесет и шестгодишниот скопјанец вчера околу 20 часот излегол од дома, по што е недостапен на неговите мобилни телефони и му се губи секаква трага.
Пријатели на семејството, исто така, бараат помош од хакер, кој би ја пробил шифрата на неговиот „Фејсбук“ профил. Тој наводно се допишувал со девојка од Тетово. Момчето требало да ги пречека родителите кои по долго време доаѓале од странство, но повеќе од 12 часа нема никаква трага од него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.