АПСУРД: Бензините поевтини до денар ипол, дизелот поскап за половина денар

АПСУРД: Бензините поевтини до денар ипол, дизелот поскап за половина денар

Дизелот ќе поскапи! Во време кога паѓаат и тоа вртоглаво цените на нафтата на светските пазари, а паѓа и побарувачката. Не е јасно како регулаторната комисија дошла до заклучок дека треба да го поскапи дизелот. Она што го знаеме е дека цената ја формираат поврзано директно со цената на светските берзи.

Тогаш со право велиме АПСУРД!!

Цените на бензините од полноќ се намалуваат од денар до денар ипол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно најновата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за еден денар и ќе се продава по цена од 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 бележи намалување за 1,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 50,50 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе биде 46 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 35 ден/литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг во однос на минатонеделната цена така што тој сега ќе се продава по цена од 18,891 ден/кг.

Со најноваа одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 проценти во однос на цените утврдени минатата недела. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 14,70 проценти,
а кај дизелот зголемување во просек за околу 0,93 проценти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.