АРБЕН ФЕТАИ ОД АА | Македонските енклави го нарушуваат албанскиот територијален континуитет – треба нова територијална организација!

„Децентрализацијата продолжува да биде фарса. Територијалната организација по усвојувањето на Охридскиот договор создаде македонски енклави на териториите каде што живеат Албанци, со српската метода применета во Косово, со што се нарушува албанскиот територијален континуитет во земјата.“ – вели Арбен Фетаи, висок функционер во Алијансата за Албанците и раководител на нејзиниот Оддел за евроинтеграции, како и директор на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“, во својата колумна со наслов „Проширувањето на парламентарното мнозинство и уставните промени: единствен момент за затворање на Охридскиот договор“.

АРБЕН ФЕТАИ ОД АА | Македонските енклави го нарушуваат албанскиот територијален континуитет – треба нова територијална организација!

Колумната ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Зарем е воопшто можно да постојат „македонски енклави“ на единствената македонска територија на унитарната македонска држава, уште повеќе што се тврди дека се „македонски енклави на териториите каде што живеат Албанци“!

Каков е тој „албански територијален континуитет“ во рамки на единствената и неделива македонска територија на македонската држава?! Споменувајќи ги „македонските енклави на териториите каде што живеат Албанци, со српската метода применета во Косово“, Арбен Фетаи директно се надоврзува, како висок функционер и на уште една, втора безмалку и владејачка албанска партија – Алијансата за Албанците, кон барањето на партијата Алтернатива да се основа и во Македонија „Асоцијација на албански општини исто како и етничката асоцијација на српските општини во Косово“!

Фетаи е висок функционер во партијата на Таравари

Поточно, оваа колумна на Фетаи е објавена на 23 февруари, што значи дека Алијансата за Албанците првата се огласи во јавноста со барање за „дефинирање на албанскиот територијален континуитет во земјата преку уставните измени“! Што ќе значи дефинирање на „албанскиот дел“ од македонската територија!

Но, еве што пишува, покрај другото, Арбен Фетаи во својата колумна: Албанската политика потфрли речиси целосно во поглед на децентрализацијата и територијалната реорганизација, но и кај правичната и соодветна застапеност и употребата на албанскиот јазик како официјален јазик, а ова се трите главни столбови на Охридскиот договор.

Фискалната децентрализација е на најниско ниво во Европа и ја одржува логиката на општини без политичка автономија наспроти централното ниво, недоволно финансирани, во долгови и како резултат на тоа, неспособни да ги спроведуваат своите законски надлежности. Како што рекол Арбен Џафери, „правата се неупотребливи, ако не се одредат механизми за нивна реализација, или ако не се одредат финансиски средства како да се реализираат“.

Токму тоа е причината зошто Охридскиот договор, кој требаше да се реализира во едно парламентарна законска регулатива, е всушност, мртов договор.

Еден дух во суштината политички, како оној на Охридскиот договор не може да се спроведе без соодветната законска регулатива, која ги дефинира правата и обврските, која јасно ги идентификува имателите на правата и одговорните за обврските, која создава механизми за извршување и одговорност и која обезбедува начини за остварување на правата преку административни и судски патишта.

Актуелните случувања со проширувањето на парламентарното мнозинство и најавените уставни измени, претставуваат нов момент за конечно затворање на Охридскиот договор и отворање нова страница во историјата на Македонија.

Декларацијата за заложбите за владеење, објавена од Алијансата за Албанците, има потенцијал да ги затвори прашањата, кои се однесуваат на децентрализацијата и другите два столба на Охридскиот договор.

Подготовката на нова рамка за финансирање на општините, како и трансформацијата на Бироата за рамноправен регионален развој во Агенција би биле голем чекор кон функционална фискална децентрализација и зајакнување на регионалната политика.

Овој столб на Охридскиот договор не може да се смета како затворен без нов закон за територијална организација, со кој би се редефинирала поделбата на општинските граници, без табуа и во функција на благосостојбата на граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.