По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, на градскиот плоштад во Куманово беше презентиран дел од современата опрема и вооружување на Армијата на Македонија.
Посетителите имаа можност одблизу да ги разгледаат лесните оклопни возила „Страјкер“ и „Џеј-Ел-Ти-Ви“, како и воено-полициската, алпинистичката и нуркачката опрема, современото пешадиско вооружување и други материјално-технички средства.
На настанот присуствуваа претставници на Владата, Собранието, општинската администрација и Генералштабот на Армијата, заедно со претседателката на Советот на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски.
„Имав можност да се запознаам со дел од современата опрема и вооружување на нашата Армија“, објави Димитриевски.
Настанот беше организиран од Армијата, со поддршка на Општина Куманово, во рамки на одбележувањето на 11 Октомври, празник посветен на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите што се изборија за слободна Македонија.
The post Армијата ја претстави современата опрема и вооружување на плоштадот во Куманово за 11 Октомври appeared first on Во Центар.



