Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги повика Изет Меџити и Висар Ганиу да почнат со рушење на дивоградбите низ Чаир.
– А со фалсификати и перење пари ли му е градена дивоградбата
Господине Изет, зошто не го срушиш тој од ДУИ, таман Висар има багери.
Ако му е страв на Висар како по обичај, јавете му на министерот за транспорт Ацо Николовски пред да тргне да руши викендици во Охрид, нека ви заврши една услуга во Чаир. Ако не лажеш за ова, ете почни од таму и после продолжи накај оној 5 годишниот милионер што градел згради. – напиша Арсовска на Фејсбук.

Претходно, откако ДУи соопшти дека Бујар Османи е кандидат за градоначалник на Чаир, актуелниот вицепремиер Меџити изјави дека Османи живее во дивоградба.



