Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, во објава на социјалните мрежи побара независни акредитирани лаборатории да постават мерни уреди покрај цементарницата Титан Усје.
– На Титан Усје оџаците се феномен, ставени биле за водена пареа. А чадот од отпадот што го горат за да произведат цемент каде оди? ![]()
Сами си се мереле секој ден и нивната приватна лабараторија тврди дека не загадуваат. Ова е исто како кога некој грд и глуп, за себе тврди дека е убав и паметен и се чуди зошто никој не му верува.
Независни акредитирани лабаратории да постават мерни уреди покрај Усје и 365 дена секој ден под контрола да мерат. НИЕ кога меревме го ПОТВРДИВМЕ ЗАГАДУВАЊЕТО. Бидејќи никогаш не се гасат печките веројатно загадување ќе нема само на 29 февруари. – напиша Арсовска.



