Тошковски им веруваше на командантите на ОВК дека јас сум ги тепала, среќа Обвинителството постапи, вели во објава на Фејсбук градоначалничката Данела Арсовска која вчера беше физички нападната при увид на дивоградба во Чаир.
– Министерот Тошковски веруваше на изјавите на командантите на ОВК, дека напаѓачот бил жртва – односно тврдеше дека јас сум нападнала командант на ОВК.
Снимката која е службена тајна и дел од истражна постапка, МВР сами ја лиферуваа во медиуми каде е скратен делот како ме напаѓа и потенциран е делот каде се бранам, за напаѓачот да го прават жртва според сценариото на Тошковски.
По 3 часа во болница каде бев придружувана од интервентна полиција, ми се констатирани трауми, по што бев во станица и откако МЕ ДРЖЕА ПОВЕЌЕ ОД 2,5 ЧАСА и се обидуваа да ги сменат околностите и изјавата, прашувајќи зошто сум била таму, што мајка сум барала, не сум требала да одам, станав и заминав.
Среќа по доказите и изјавите постапи Основното јавно обвинителство Скопје, вели Арсовска.



