Арсовска ќе достави докази во Обвинителството, тврди дека не се плаши од Ганиу и Меџити.

Обвинителството денеска ја повика Арсовска да достави податоци и докази на кои конкретни парцели во Чаир има дивоградби, за да можат да постапуваат. Од Град Скопје, пак, велат дека доказите досега ги објавувале во соопштенија за јавоста.
„За обезбедување фалсификати како доказ за постапка за што мора да постапува Јавното обвинителство по службена должност и да спречи компромитирање на доказен материјал, од Град Скопје се пуштени над 15 соопштенија за целата јавност. Сите наводи се јавно објавени, за кои Обвинителството е добро запознаено видно од нивните изјави за медиуми. Иако досега за милион постапки постапувале и по анонимни пријави и по допрен глас затоа што тоа им е обврска и должност, бидејќи по 10 дена повикување за постапување од целата јавност, морало името на градоначалничката да го имаат и формално за дополнително да ја малтретираат институционално наместо сторителите на кривичните дела и да ја стават во дополнителна опасност, таа бидејќи не се плаши од Висар Ганиу и од Изет Меџити, денес ќе достави документација до Јавното обвинителство во надеж дека конечно ќе се постапи со цел обезбедување на доказите кои се обидуваат да ги уништат“, се вели во соопштението од кабинетот на Арсовска.

The post Арсовска ќе достави докази во Обвинителството, тврди дека не се плаши од Ганиу и Меџити. appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: