Арсовски: Ако не се смени начинот на владеење залудно е да се сменат и сите функционери

Очекувањата кои ги имаше јавноста, експертите и политичките актери од реализирање на операцијата „Метла“ по објавата на имињата на новиот владин состав не се реализираа целосно. Напротив за дел од решенијата има критики дека се несоодветни кадри, дека дел од министрите се само прераспределни, а најмногу критики има за преземањето на функцијата прв финансиер на државната каса од страна на премиерот Заев кој се нафаќа да го води еден од најкомплицираните владини ресори, анализира во интервјуто со политичкиот аналитичар, Петар Арсовски порталот “Фактор“.
Фактор: Познати се имињата на новите владини министри, како и на тие кои добиваат голата или целосно се повлечени од Владата. Дали оваа владина реконструкција ги исполнува очекувањата за најавената метла, што доби и што загуби Заев со ваков список?
Арсовски: Реконструкцијата како што е направена не е преголема, такашто за целосна оценка за промените треба да се почекаат сите преименувања, вклучително директори на јавни претпријатија и владини сектори. Сепак, не се имињата најважни, најважно е дали со реконструкцијата ќе се смени и начинот на практикување на власта, односно дали ќе се бараат повеќе резултати од министрите, дали ќе има систем на одговорности и поефикасно спроведување на владините политики. Без таква промена, и сите функционери да се сменат, новите набрзо ќе почнат да се однесуваат како старите, оценува тој.
Целото интервју на Петар Арсовски може да го прочитате на порталот ФАКТОР.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.