Како по обичај, пи-арот на ДПМНЕ повторно направи политичко самоубиство откако вчера во реакција на гостувањето на првиот вице-премиер Артан Груби, откри дека практично Мицкоски се среќавал со Груби.

– Во една од канцелариите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има една фотеља, за која легендата вели дека Груби направил дупка од седење во време на претходното раководство на партијата, се вели во соопштението.
Состаноците за кои зборуваат се состаноците за време на преговорите за формирање на Влада по изборите во 2016 година, односно тоа е период од крајот на 2016 до јуни 2017 година.
Оној кој го пишувал соопштението, заборавил дека лидерот кој сега се обидува да го одбрани, ама излезе “бато не ме брани”, во тој период беше висок функционер на партијата, што значи дека присуствувал на состаноците со Груби и Ахмети.
Во биографијата на Мицкоски може да се види дека тој е член на извршниот комитет од 2015 до 2017 година, потоа бил претседател на кадрова комисија на партијата, потоа и генерален секретар, што значи дека Мицкоски добро знаел кој доаѓа на состаноците, а веројатно и самиот присуствувал на нив.
- Клековски: Досега 35 потврдени случаи на западнонилска треска, три смртни случаи
- Ноќна акција на МВР низ цела Македонија: 63 санкции за возење под дејство на алкохол
- Нов скок на горивата – бензините за 4,5 денари, дизелот за 6,5 денари
- Познатите личности се збогуваат со актерката Хајден Панетиер: „Те сакам, не си оди“
- На овие два хороскопски знака ги очекува непријатно изненадување на почетокот на неделата
Инаку, во интервјуто во Само вистина вчеравечер, Груби нагласи дека освен средбите за формирање на Влада во 2016/2017 година тој воопшто не се сретнал со поранешниот премиер Груевски, а таква средба немал ниту Ахмети. Како што кажа Груби, УСБ-то за кое зборува Мицкоски не постои, односно сегашната владејачка коалиција воопшто не комуницирала, нити преговарала за враќање на Груевски во Македонија, со што паѓаат во вода сите поводи на Мицкоски да му објави војна на Груевски и да предизвика раскол од невидени размери во партијата.
Пронајдете не на следниве мрежи:


