АСОМ контра Мицкоски, најавуваат протести

Аосцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) контра изјавата на премиерот Христијан Мицкоски. Тврдат дека не се консултирани и не биле дел од процесот на изработка на новиот закон со игрите на среќа.
Велат дека целта на законот не е заштита на играчите и граѓаните, туку обезбедување монопол на власта во овој сектор. Најавуваат масовни протести.
– Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните и општеството. Овој закон нема да реши ниту еден проблем, туку ќе создаде огромни нови проблеми. Со него, де факто, се затвораат легалните игри на среќа и широко се отвора вратата за нелегално обложување по подруми, со што државата се враќа во деведесеттите години. Со затворањето на легалните објекти ќе почне да царува криминалот и нелегалното обложување, што ќе претставува огромен ризик за граѓаните и играчите. Ова веќе се случи во Албанија, а истото ќе се случи и кај нас, велат од АСОМ.
Според АСОМ, 10.000 лица директно вработени ќе останат без работа, а уште 50.000 индиректно поврзани работни места ќе бидат загрозени.
– Повеќе од 800 деловни објекти под закуп ќе останат без закупци. Во буџетот ќе недостигаат над 280 милиони евра по различни основи, посочуваат од АСОМ.
Посочуваат дека се залагаат за европски закон кој вистински ќе ги штити играчите, ќе го либерализира пазарот на онлајн обложување и ќе обезбеди соодветна заштита и едукација на играчите.
Премиерот Мицкооски денеска во изјава за медиумите рече дека земјава се повеќе наликува на Лас Вегас и дека мора да се стави ред.
The post АСОМ контра Мицкоски, најавуваат протести appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: