АстраЗенека призна дека вакцината против Ковид може да предизвика нуспојави

AстраЗенека во судски документи за прв пат призна дека вакцината во многу ретки случаи може да предизвика ТТС, или синдром на тромбоцитопенија, кој се карактеризира со згрутчување на крвта и низок број на тромбоцитиФармацевтската компанија AстраЗенека во судски документ призна дека нејзината вакцина против КОВИД може да предизвика ретки несакани ефекти, вклучувајќи згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.Во Велика Британија е покрената колективна тужба против AстраЗенека, во која се тврди дека употребата на нивната вакцина КовиШилд довела до смрт и сериозни повреди и се бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви, објави Индипендент.Еден од тужителите тврди дека вакцината ѝ предизвикала трајно оштетување на мозокот и дека згрутчувањето ја оневозможувало да работи.КовиШилд е развиен од британско-шведската компанија AстраЗенека во соработка со Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија, а го произведува индиската компанија Серум Институт оф Индија, еден од најголемите производители на лекови во светот.Вакцината се користи во повеќе од 150 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Индија.Некои истражувања спроведени за време на пандемијата покажаа дека вакцината е 60 до 80 проценти ефикасна во заштитата од новиот коронавирус. Сепак, истражувањето покажа дека вакцината КовиШилд може да предизвика згрутчување на крвта кај некои луѓе, што може да биде опасно по живот.Додека AстраЗенека отсекогаш ги оспоруваше овие тврдења, во еден од своите судски документи за прв пат призна дека вакцината „во многу ретки случаи може да предизвика ТТС“ или синдром на тромбоцитопенија, кој се карактеризира со згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити кај луѓето.„Причината за синдромот е непозната“, наведува компанијата во судски документ, пренесува британски Телеграф.„Понатаму, TTС може да се појави и без вакцината на AстраЗенека или која било друга вакцина. Каузалноста ќе треба да ја докажат експерти“, напишаа тие.Светската здравствена организација потврди дека КовиШилд може да предизвика несакани ефекти опасни по живот.„Многу редок несакан настан наречен тромботичен тромбоцитопеничен синдром, кој вклучува ненадејни и сериозни случаи на згрутчување на крвта поврзани со низок број на тромбоцити, е пријавен по имунизацијата со оваа вакцина“, напишаа тие.Според Советот за меѓународни организации за медицински науки, „многу ретки“ несакани ефекти се оние пријавени во помалку од 1 од 10.000 случаи.

Пронајдете не на следниве мрежи: