АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави

– Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека вакцината може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти.Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија, откако компанијата доброволно го повлече одобрението за ставање во промет. Барањето за повлекување на вакцината беше поднесено на 5 март и стапи на сила во вторник. Слични пријави ќе бидат направени во наредните месеци во Велика Британија и други земји кои ја одобриле вакцината, позната како „Вакзеврија“.„АстраЗенека“ соопшти дека вакцината е отстранета од пазарот од комерцијални причини и дека повеќе не се произведува или испорачува, бидејќи е заменета со ажурирани вакцини кои се ефикасни против новите соеви на Ковид-19, пренесува британски „Телеграф“.„Ваксеврија“ е под интензивна контрола во последниве месеци поради многу редок несакан ефект, кој предизвикува згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити во крвта. 

Пронајдете не на следниве мрежи: