Аталанта немоќна на гостувањето кај Сасуоло (ВИДЕО)

Фудбалерите на Сасуоло стигнаа до уште едно изненадување во Серија А, откако во минатото коло го совладаа Милан, а сега падна и Аталанта (1-0).

Маеле доби црвен картон во 30. минута, по што Аталанта се соочи со сериозни проблеми, а тоа го мотивираше Сасуоло да нападне и да ја зграби победата.

Во тоа им помогна Лориен кој во 55. минута погоди за 1-0, а тој гол беше доволен за домаќините да освојат три бода.

Пронајдете не на следниве мрежи: