Полковник на украинската разузнавачка служба СБУ е пронајден мртов во неговата канцеларија во Киев, потврди украинското правосудство.
Бил пронајден со прострелна рана во главата.

- Околностите за смртта на службеникот на СБУ се истражуваат како дел од кривичната истрага што ја водат истражителите на Националната полиција на Украина – соопштија од СБУ.
Службата ќе и ја пружи сета потребна помош на полицијата за спроведување на целосна, објективна и непристрасна истрага, велат оттаму.
СБУ изрази сочувство до семејството и пријателите на починатиот полковник.
Пронајдете не на следниве мрежи:



