Атлетико веќе бара замена за Фалкао

Соочени со фактот дека најдобриот стрелец Радамел Фалкао, по завршувањето на сезоната ќе го напушти тимот, раководните луѓе на Атлетико Мадрид започнаа да бараат негова замена.

Прв на листата на желби е напаѓачот на Баерн Минхен, Марио Гомез, кој со доаѓањето на Марио Манџукиќ го загуби местото во стартната постава. Гомез минатата сезона беше најдобриот стрелец на Баерн, тој постигна 45 погодоци во сите натпреварувања. Покрај Гомез „јорганџиите“ се интересираат и за Едисон Кавани односно Един Џеко.
Макфакс
Соочени со фактот дека најдобриот стрелец Радамел Фалкао, по завршувањето на сезоната ќе го напушти тимот, раководните луѓе

Пронајдете не на следниве мрежи: