Атлетико не успеа да го скрши Хетафе на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид одигра реми против Хетафе (1-1) во 20. коло од шпанската Ла Лига, а двата гола беа постигнати во второто полувреме.

Во првото полувреме мируваа мрежите на двете страни, а конечно отпорот на Хетафе го скрши Кореа во 60. минута и донесе водство за Атлетико од 1-0.

Хетафе се бореше да ја прекине црната серија и во тоа им помогна Унал од пенал, кој погоди за 1-1 и така обезбеди реми.

Атлетико е четвртопласиран во Ла Лига со 35 бодови, додека Хетафе е на претпоследната позиција со 18 бода.

Пронајдете не на следниве мрежи: